Македонската влада во средата објави дека започнува со конкретна операционализација на проектот за гасификација на државата, при што најнапред ќе биде објавен скопскиот регион. Премиерот Никола Груевски информираше дека гасификацијата на скопскиот регион ќе се реализира во периодот од пет години по принципот на јавно-приватно партнерство, а дел од мрежата ќе биде пуштен во употреба веќе во 2016 година Предвидената инвестиција за реализација на дистрибутивните системи за природен гас во скопскиот регион согласно студијата се проценува на 98,4 милиони евра, изјави Груевски. Со проектот ќе бидат опфатени сите 17 општини во скопскиот регион и тоа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Општина Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден и Чучер-Сандево.
Македонската влада во средата објави дека започнува со конкретна операционализација на проектот за гасификација на државата, при што најнапред ќе биде објавен скопскиот регион.
Премиерот Никола Груевски информираше дека гасификацијата на скопскиот регион ќе се реализира во периодот од пет години по принципот на јавно-приватно партнерство, а дел од мрежата ќе биде пуштен во употреба веќе во 2016 година
„Предвидената инвестиција за реализација на дистрибутивните системи за природен гас во скопскиот регион согласно студијата се проценува на 98,4 милиони евра“, изјави Груевски.
Со проектот ќе бидат опфатени сите 17 општини во скопскиот регион и тоа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Општина Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден и Чучер-Сандево.
Премиерот рече дека владата во изминатите неколку години интензивно и посветено работела на завршување на сите мерки, активности и процедури за да се дојде до оваа точка.
„Се работи за проект кој се однесува на целата држава кој ќе биде изведен по сите стандарди, не парцијално туку интегрално, без импровизации туку со цврсти планови и програми“, рече Груевски.
Тој појасни дека биле потребни многу подготовки, изработка на мега проекти на кои се работело со години, средување на имотно правни и земјишни односи, правење на многу анализи, и секако најбитното, да се обезбеди договор за снабдување со гас.
„Ние посветено и одговорно, трпеливо, но интензивно во исто време го сработивме тоа, обезбедивме договор со Руската Федерација за снабдување со гас, и го реализиравме клучниот предуслов да може да се започне со проектот за гасификација на Република Македонија“, рече Груевски.
Тој информираше дека владата донела одлука да започне постапка за доделување (склучување) на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во скопскиот регион
Повикот за оваа цел за наоѓање на приватен партнер ќе биде објавен во следните неколку дена, а се предвидува да трае до 25.05.2014.
Рамката предвидува договорот да се доделува на период од 20 години при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата.
По овој период од пет години кога се очекува да биде изграден најголемиот дел од мрежата, се очекува продолжување на градбата со помал интензитет, оперирање и развој на мрежата.
По завршувањето на овој рок од 20 години целокупниот изграден систем ќе се пренесе во сопственост и владение на Република Македонија.
Предвидена е изградба на околу 250 километри примарна дистрибутивна мрежа.
Приватниот партнер ќе биде задолжен да овозможи секој заинтересиран корисник да плати приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен станбен простор или 100 евра за станбена единица од 80 м2. За куќа од 240м2 приклучната такса би изнесувала околу 300 евра. Приклучната такса за комерцијалните објекти ќе биде исто 1,25 евра по метар квадратен корисна површина.
Предвидено е приватниот партнер да вложи средства и во опрема со цел да се обезбеди намалување на потребните инвестиции на корисниците за приклучување на нивните објекти кон дистрибутивните системи за гас.
„Снабдувањето со енергија преку дистрибутивни системи за природен гас е енергетски најефикасен начин за снабдување со енергија. При таквото снабдување со енергија граѓаните, домаќинствата и компаниите имаат далеку најмали трошоци, се ангажираат далеку најмали инвестициони средства, енергијата е оптоварена со најмали оперативни трошоци, дистрибуцијата на енергијата има далеку најмали загуби на енергија и на крај трансформацијата на природниот гас во корисна енергија на прагот на нејзината потрошувачка се врши со највисок коефициент на енергетска трансформација“, изјави Груевски.